Дарко Додев повторно стрелец за Алтај, трет гол сезонава (ВИДЕО)

49

Македонскиот фудбалер Дарко Додев се запиша во листата на стрелците за Алтај во ремито 2-2 против Елимај, во натпревар од 29. коло во казахстанската Премиер-лига.

Додев погоди во 47. минута, на самиот почеток на второто полувреме, кога ја искористи грешката во одбраната на гостите и му донесе водство од 2-1 на својот тим. Претходно, Драган Стоисављевиќ од пенал го отвори резултатот за Алтај, а Марин Беланчич израмни непосредно пред паузата.

Сепак, Елимај успеа повторно да се врати во натпреварот, откако Рамазан Оразов реализираше пенал во 57. минута за конечни 2-2.

За Додев ова е трет гол во дресот на Алтај, а притоа има и 4 асистенции.

ПретходноПресврт: Куртоа се чувствува подобро, најавил дека вечерва ќе брани на „Ел Класико“
СледноПМФЛ: Голеада во Гостивар и инфаркт – победа на Брегалница!