Победа над домаќинот за крај на првиот турнир во Регионалната лига У16

536

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија забележа значајна победа над домаќинот Грција со 24:23, во вториот натпревар од првиот турнир во Регионалната лига У16.

Младите македонски ракометарки со триумфот над Грција го завршија настапот на првиот турнир со два освоени бода, откако вчера во првиот натпревар беа поразени од селекцијата на Турција со 30:26.

По вчерашниот неуспех против Турчинките, македонските кадетки успеаја да одговорат со добра игра и да стигнат до победа во дуелот со домаќинот, со што го заокружија првиот турнир во Регионалната лига У16 со позитивен резултат.

ПретходноДе Зерби по триумфот на “Стемфорд Бриџ“: Тотенхем сега е комплетен тим!
СледноПолувреме во Кавадарци: Тиквеш не успева да го “пробие“ Башкими!