Македонскиот фудбалер Дарко Додев се запиша во листата на стрелците за Алтај во ремито 2-2 против Елимај, во натпревар од 29. коло во казахстанската Премиер-лига.
Додев погоди во 47. минута, на самиот почеток на второто полувреме, кога ја искористи грешката во одбраната на гостите и му донесе водство од 2-1 на својот тим. Претходно, Драган Стоисављевиќ од пенал го отвори резултатот за Алтај, а Марин Беланчич израмни непосредно пред паузата.
Сепак, Елимај успеа повторно да се врати во натпреварот, откако Рамазан Оразов реализираше пенал во 57. минута за конечни 2-2.
За Додев ова е трет гол во дресот на Алтај, а притоа има и 4 асистенции.










