Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на САД, 18-та трка во сезоната во Формула 1. Младиот Италијанец во Остин има прва шанса да ја обезбеди титулата, а пред да се обиде да го стори тоа, се погрижи да биде на најдобра можна позиција на почетокот од трката. Антонели ја освои пол-позицијата со време од 1:34,035 минути, 179 илјадити делови пред Макс Верстапен од Ред Бул. Најблиску до нив двајца беше другиот возач на Ред Бул, Исак Хајар, кој беше 36 илјадити делови зад својот соиграч.
Главниот ривал на Антонели во борбата за титулата и воедно неговиот совозоч Џорџ Расел имаше само шесто време. Антонели ја има првата шанса за титулата во Тексас, но мора да победи а Расел да биде деветти или полош, а Хамилтон да не биде биде меѓу првите четири.
Иако Антонели не можеше да се спореди со Верстапен и двете Ферарија за време на слободните тренинзи, кога дојде време да се бори за пол-позицијата, не му требаше долго време да се избие на чело. Четирикратниот светски шампион се закани, но мораше да се задоволи со второто место, по двете пол позиции во претходните две трки. Хаџар ги следеше двајцата возачи кои ги одбележаа квалификациите, пред Шарл Леклер и Луис Хамилтон во Ферари, Расел и Оскар Пјастри во Мекларен. Актуелниот шампион Ландо Норис беше осми.
Трката за ГН на Соединетите Американски Држави започнува вечерва во 21 часот.










