ПМФЛ: Тиквеш против Башкими оди по трите бода, штипските сини на гости кај Арсими

1

Денеска се играат двата последни натпревари од 11.коло во нашата елитна лига.

Во 12 часот, во тој „утрински термин“, во Гостивар се среќаваат Арсими и Брегалница. Ова е меч меѓу екипи кои досега освоиле по 10 бода и кои и тоа како бараат шанса да побегнат од опасната зона. И Арсими и Брегалница не можат да се пофалат со добра форма во последно време, сепак во мала предност е тимот од Чегране, па и поради тоа што игра на “свој“ терен во Гостивар.

Од 14 часот во Кавадарци, Тиквеш го дочекува составот на Башкими. Тука нема никакви дилеми кој е фаворит и кој е во предност. Кавадарчани и натаму се хитот на сезоната. Денеска имаат посебен мотив, имено во случај на победа и нови три бода би имале 20 на своето конто и со тоа ќе фатат приклучок со водечките на табелата. Колку за потсетување Шкендија е прва со 24, следува Струга ТЛ со 23 и трет е Вардар со 21. Тиквеш ако победи ќе дојде на -4 бода во однос на лидерот.

Сепак не треба така лесно да се отпише составот од Куманово. Башкими на последниот меч како домаќин убедливо беше поразен од Силекс, но затоа коло пред тоа успеа да ја победи Струга ТЛ со 2:1.

Во секој случај и овој меч, како и оној во Гостивар би требало да биде возбудлив и интересен за гледање.

ДЕНЕСКА – 11.КОЛО

Гостивар: Арсими – Брегалница (12 ч)

Кавадарци: Тиквеш – Башкими (14 ч)

ПретходноТажен крај во МОТО ГП: Дождот го откажа збогувањето од “Филип Ајленд“