Работнички и Кожув со домашни победи

1

Домашниот кошаркарски шампионат денеска на програмата ги имаше дуелите од четвртото коло во кое што се среќаваа екипите на Кожув и Тиквеш односно Работнички и Куманово.

Екипата на Кожув ја искористи предноста на домашната публика и успеа да слави со конечни 90:81 и на тој начин да го одржи засега перфектниот скор четири од четири.

По релативно изендаченото прво полувреме, клучна делница на мечот беше третата која што гевгеличани ја добија со 17:8, од што противникот не се опорави до крајот на дуелот.

Најдобар поединец на мечот беше Армстронг со 24 поени пет скока и седум асистенции, а кај Тиквеш, Смит постигна поен помалку.

Работнички подобар од Куманово

Од друга страна пак, во Градскиот парк во Скопје, тимот на Работнички успеа пред полна сала да го совлада Куманово со конечен резултат 70:63. Во искучително интересен и неизвесен меч, домаќинот имаше повеќе концентрација во финишот и успеа да ја добие последната делница со 17:12 што беше и пресудна да се впишат бодовите на контото.

Рикиќ со „дабл-дабл“ учинок го предводеше домаќинот со 17 поени и 11 скока, додека Елингсворд додаде свои 13 односно Ефремовски поен помалку.

Најјефикасен на дуелот репрезентативецот Мекиќ со 18 поени.

ПретходноЈуве со три бода од гостувањето кај Лече