Откако беше уапсен: Претседателот на федерацијата си поднесе оставка!

0
ФОТО:fimotro.gr

Претседателот на Кошаркарската федерација на Грција, Вангелос Лиолиос, одлучи да се повлече од сите активности поврзани со кошарката, во исчекување на завршувањето на судската постапка покрената против него за вмешаност во нелегални активности и местење натпревари.

Според грчките медиуми, Лиолиос го информирал истражниот судија за својата одлука, нагласувајќи дека решил да го преземе овој чекор за да може кошарката во оваа земја да продолжи без големиот товар што го носи постапката против него. Лиолиос е лишен од слобода откако одреден временски период бил во бегство, па затоа е издадена потерница по него. Покрај него, приведени се уште пет судии и службени лица, со што се отвора еден од најголемите скандали во историјата на спортот таму.

Претседателот на Здружението негира каква било вмешаност во нелегални активности, а неговата одбрана тврди дека нема докази што го поврзуваат со местење кошаркарски натпревари.

Случајот ја потресе грчката кошарка откако шест лица беа уапсени под сомнение дека се обиделе да влијаат на исходот на натпреварите поврзани со спортско обложување. Меѓу уапсените беше и Василики Царуха, која судеше и на ниво на Евролигата, а за време на претресите поврзани со истрагата, полицијата конфискуваше 931.463 евра во готово.
Меѓу конфискуваните предмети се 14 мобилни телефони, шест лаптопи, 22 USB мемориски стикови, дресови, спортски сувенири и други материјали што би можеле да бидат важни во процесот на истрага. Надлежните органи истражуваат сомневања за обиди за манипулирање со резултатите од натпреварите, а случајот опфаќа различни нивоа на грчката кошарка.

ПретходноВо пресрет на „Ел Класико“: Јамал – Мбапе 9:2 во победи!