По првите 45.минути без голови во Кавадарци на последниот меч од 11.коло во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Башкими. По малку изненадувачки се овие 0:0 ако се знае дека тимот на Оливер Богатинов на овој меч влезе како огромен фаворит.
Ацкоски во 5. и 9.минута двапати се закани, Висдом, во 8.минута ја погоди пречката, Лавал во 43.минута имаше голема можност. И тоа беше се од шансите за кавадарчани, на голот на гостите одличен беше Алиу. Башкими во 15.минута преку Ор можеше да му донесе водство на гостинот од Куманово.
Очекуваме во продолжение од средбата Тиквеш уште повеќе да “притисне“, ама треба да се знае дека Башкими има и тоа како брзи играчи за да од контранапади донесат сензација во Кавадарци.
Одлична тактичка поставеност на Башкими, Тиквеш си има проблеми и не успева да го “пробие“ гостинот, барем засега.















