Алекса Амановиќ е човек титула, по Астана сега е првак и со Ордабаси

76

Во насока на она што се вели, промена, свежина на нашиот национален А фудбалски состав, секако дека мора да се разгледаат сите опции како нешто не би останало под прашалник што се вели…

Македонија во моментов е дел од Лигата на Нациите Б дивизија, највисоко ниво кое што го има постигнато во оваа конкуренција, и кое што за жал не ни донесе посакувани резултати.

Селекторот Гоце Седлоски за прв пат во својот мандат започна еден циклус и засега има проблем. Затоа што земајќи ги во предвид бараж дуелите за Мундијалот, против Данска и Ирска, односно мечевите од Лигата на Нациите, а конечно и пријателските со Босна и Турција ајде што Македонија нема позитива, туку нема ниту постигнат гол.

За ефикасноста имаме решение во Милан Илоски, Дарко Додев, па и еден Даниел Аврамовски можеби, кои што се во голгетерска форма во моментов. Од друга страна пак дефанзивата исто така може да добие на свежина.

Се говори за подмладување на селекцијата, и тоа е сосема во ред, природен процес и тука сите ќе се согласиме. Но, кога е во прашање квалитетот, и очигледната добра форма во континуитет, и зрелите фудбалски години не смеат да бидат занемарени и незабележани.

Ете, тука станува збор за Алекса Амановиќ. „Вечната“ дилема на нашиот национален тим. Момчето кое што во нашиот фудбал своевремено се појави како младинец на Партизан, а потоа првотимец на Јавор Ивањица. Беше дел од нашите младински селекции, беше дел и од онаа историска наша У21 репрезентација на ЕП во Полска. Беше стартер во У21 квалификациите која селекторот беше Добринко Илиевски. А потоа направи супер трансфер во Казахстан, заигра за Тобол, Астана, а еве сега и Ордабаси но никогаш повеќе и за Македонија. Амановиќ нема сениорски настап за нас.

А во меѓувреме освојува титули во Казахстан. Најпрво со Астана, а еве сега од викендов и со тимот на Ордабаси. Амановиќ не е повеќе дете. Има сега веќе 30 години. Но е левоног стопер, кој што во шампионот на една земја има 28 настапи од можни 29 меча.

Сакам не сакам, или чисти шпекулации?

Алекса Амановиќ не е непознаница на зас. И тоа како нам ни е познат. Тој во одредени казахстански медиуми на прашањето дали би играл за Казахстан одговори негативно, а беше спомната и Македонија. На што  Амановиќ според казахстански медиум одговори исто така негативно. „Не нема да играм ниту за Македонија“….

Е сега, конечно, се поставува следното и тоа многу логично прашање. Дали некој некогаш воопшто го побара Алекса Амановиќ? Дали директно стапи во контакт со него и го праша што е причината што тој повеќе не сака да настапува за националниот тим кој што му даде шанса кога тој беше анонимен играч. Што го одведе и на У21 европски шампионат кога тој настапуваше во втора лига на Србија. Ќе треба некој да одговори на ова прашање. Единствен потврден контакт со Алекса Амановиќ на јавноста и го пренесе сега веќе поранешниот македонски селектор Благоја Милевски кој што со дефанзивецот имал блиц средба при престој во Анталија, на базични подготовки, каде што Амановиќ и не така се израдувал на средбата со селекторот.

Се останато е шпекулација. Не се релевантни казахстански медиуми во насока на тоа дали шампионски играч сака или не сака да игра за Македонија. Туку е валиден директен контакт и директен одговор.

Како и во случајот со Милан Илоски впрочем…..изјава за јавност во одреден портал не е валиден одговор.

Ќе повториме уште еднаш по којзнае кој пат. Македонија нема капацитет за да губи квалитетни играчи од било која возраст. Младински, сениорски….па така е и во случајот со Амановиќ.

И нека не сака ако не му е дојдено до дресот на Македонија, (како некогаш)… но тоа да го соошти на оној кој што вреди да му се соопшти… селектор, директор….

 

ПретходноДеби за паметење на американката од Бадел 1862: Фримен со трипл – дабл на стартот на сезоната
СледноФилип Талески си замина од ГРК Охрид