Газдата на Манчестер Ј. по Ница, сега ја продава и Лозана!

101

Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф и неговата компанија INEOS ја ставија швајцарската Лозана на продажба, во рамките на поширокото повлекување од дел од спортските инвестиции.

Според „Атлетик“, за пронаоѓање потенцијални купувачи е ангажирана консултантската компанија „Alvarez & Marsal“, која веќе подготвила продажна презентација под името „Project Striker“.

Во документот се истакнуваат инфраструктурата на клубот и можностите за пласман во европските натпреварувања, но не се споменуваат финансиските загуби и фактот дека Лозана моментално се наоѓа на последното место во швајцарското првенство.

Продажбата доаѓа откако INEOS претходно ја понуди на продажба и француска Ница. Компанијата во последниот период прекина и неколку спонзорски соработки, што укажува на промена на стратегијата и намалување на спортското портфолио.

Ретклиф, кој поседува малцински удел во Манчестер јунајтед и има значајна улога во управувањето со фудбалскиот сектор на клубот, се соочува и со растечки критики поради резултатите на англискиот гигант.

Лозана беше првиот голем фудбалски чекор на INEOS, која го презеде клубот во 2017 година.

ПретходноЖезус го враќа во репрезентацијата: Роналдо ќе игра за Португалија во ноември
СледноЕХФ Европски куп: ГРК Охрид и Алкалоид се носители на утрешната ждрепка