Денес се одлучува судбината на Мајкл Керик

152

Менаџментот на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден ќе има итен состанок на кој што ќе се одлучува околу судбината на актуелниот менаџер, Мајкл Керик.

Ситуацијата на Олд Трафорд е алармантна, а „чашата ја прелива“ викенд поразот на домашен терен од Борнмут од 0:3.

Оваа катастрофа само го дополни негативниот набој кон се што се случува во клубот во моментов, и решение, односно промена едноставно мора да има.

Керик е на излезна врата, тоа е дефинтивно и треба да се случи чудо тој да остане менаџер. Се шпекулира со многу имиња како негова замена, но фаворит сеуште нема.

А и доколку денеска Керик, преживее што се вели и биде оставен на позицијата тоа секако ќе биде со некаков ултиматум. Да бидат добиени следните мечеви, кои што пак за негова несреќа се со исклучително тешки противници, како Баерн Минхен, Ливерпул, Астон Вила….

ПретходноНов удар за Барселона по Ел Класико: Флик остана без уште еден дефанзивец!
СледноСтефан Тренески го заврши историскиот сезонски финиш на Хунгароринг — македонското знаме на FIA Формула 4 натпреварот