Лука Дончиќ го покажа своето право светло во еден од првите мечеви од овогодинешниот НБА шампионат. Словенецот за својот тим Лејкерски синоќа имаше екстра шутерска вечер во која што постигна 52 поени во победата над Јута со конечни 123:132. Додаде и десет скока и седум асистенции што значи дека му фалеа само три додавања на трипл дабл учинок. Ривс запиша свои 29 коша, додека на спротивната страа во домашниот табор, ја Кејонте Џонс му фалеше само еден скок во учинокот од 24 поени, десет додавања и девет скока за трипл дабл.
Лесна победа за Индијана во Бруклин; Тајрис Халибартон се врати во форма по долга пауза, запишувајќи 24 поени и десет асистенции, додека Сиакам додаде 21. Гостите шутираа со околу 58% успешност, не оставајќи никаква надеж за Бруклин, кој и понатаму е без победа.
Тандер сега имаат учинок од 3-0 по очекуваната победа на Оклахома Сити, предводени од 34-те поени на Шај – иако победата дојде со висока цена. Во речиси неверојатен сплет на околности, Џејлен Вилијамс, Џејлин Вилијамс и Кејсон Валас се здобија со повреди на натпреварот против Клиперс. Во редовите на Клиперс, Гарланд постигна 16 поени, а ветеранот Брук Лопез додаде 15; тие сега се враќаат дома, каде што во среда ги очекува уште едно градско дерби, овојпат против Лејкерс.
Резултати:
Минесота – Торонто 117:114
Њујорк – Орландо 102:111
Оклахома – Лос Анџелес Клиперс 108:101
Филаделфија – Детроит 93:106
Сакраменто – Мемфис 112:123
Јута – Лос Анџелес Лејкерс 122:132
Бруклин – Индијана 109:136










