Валах: Никој не сака победа повеќе од нас

118

Екипата на РК Вардар со победа сака да се прости од овогодинешното издание во Лигата на Шампионите.

Тоа е и повеќе од јасно, особено по оној може да се каже сензационален триумф кај Нант на гости во минатото коло. Сега, откако „мразот е скршен“ и првите бодови во оваа кампања се освоени, избраниците на Иван Чупиќ растеретено но мотивирано треба да влезат во дуелот во среда против тимот на Мелсунген од 18:45 во салата Јане Сандански во Скопје.

На денешната прес конференција, како најава за дуелот излезе Милош Валах, херојот од дуелот со Нант, каде што голманот нанижа седумнаесет одбрани.

„Го играме последниот меч од ЛШ. Ние немаме шанси за пласман понатаму но Мелсунген има. Посакувам токму сега две победи во низа. Гладни сме за победа. Пред нас е многу важна недела во која што играме екстра важни мечеви, овој и оној против Пелистер“ – изјави голманот на Вардар.

 

ПретходноЧупиќ: Оваа публика заслужува победа за крај на ЛШ
СледноНе го предомислија по трет пат: Илиќ дефинитивно не е повеќе тренер на Партизан