Флик: Не може да сум задоволен, ни фалеше свежина во нозете

66

Во незгоден момент од сезоната, кога екиоата треба прописно да се „залета“ на играчки и резултатско план, тимот на Барселона загуби два многу важни мечеви. Против ПСЖ во Лигата на Шампионите, и против Реал Мадрид во синоќешното Ел Класико и тоа на домашен терен.

Конечните 1:2, се дело на Килиан Мбапе кој што ги постигна двата гола за „Кралевите“ додека пак за БАрса реализираше Рафиња во второто полувреме.

Стратегот на Барселоја, Ханси Флик не може да е среќен од поразот што е и нормлано. Германецот истакна дека едноставно на неговите избраници им фалело свежина во нозете, и дека едноставно противникот на моменти бил поагресивен.

„Не сум среќен. На овој меч стана јасно дека не сме сто проценти физички подготвени. Во второто полувреме бевме добри на теренот, ја контролиравме играта и го изедначивме резултатот на 1:1, а Реал имаше само две шанси да постигне втор гол. Во последните минути решивме да притиснеме, но тие организираа брз контранапад и постигнаа гол. Ова е тежок удар за нас, но мора да го прифатиме тоа, поразите се дел од фудбалот“, –  ја започна Флик својата изјава за медиумите по последниот свиреж на „Камп Ноу“, па продолжи во ист стил.

„Ќе повторам, во моментов не се покажуваме најдобро што можеме и тоа се должи на недостаток на свежина. На играчите им е потребен здив по толку интензивна и тешка недела. Имаме доволно време до следниот натпревар да ги наполниме батериите и да ја вратиме енергијата“, рече Флик.

ПретходноВинициус е звезда на „Ел Класико“ и покрај тоа што не играше
СледноДве победи на македонските екипи во последното коло на Европскиот клупски куп!