ЕХФ Европски куп: ГРК Охрид и Алкалоид се носители на утрешната ждрепка

27
фото: RK Alkaloid (FB)

ГРК Охрид и Алкалоид ќе ја дочекаат ждрепката за третото коло во Европскиот куп на ЕХФ со статус на носители. Dвата македонски претставника се најдоа во првиот шешир меѓу вкупно 16 екипи, што значи дека за противници ќе добијат тимови од вториот шешир. Охрид и Алкалоид нема да можат да се сретнат меѓусебно во оваа фаза од натпреварувањето.

Меѓу можните противници се наоѓаат екипи со  европско искуство, како грчки АЕК, црногорски Ловќен, словенечко Горење Велење, романска Потаиса Турда и српска Дубочица. Во вториот шешир се и хрватска Горица, данскиот Х71 и швајцарски Винтертур.

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток во 11 часот во Виена. Првите натпревари од третото коло се закажани за 21 и 22 ноември, а реваншите ќе се играат на 28 и 29 ноември.

ПретходноГаздата на Манчестер Ј. по Ница, сега ја продава и Лозана!
СледноТрета година по ред: Јамал е најдобар млад играч!