Голден Стејт направи „сефте“ против Денвер, Оклахома подобра од Феникс

66
фото: Golden State Warriors (X)

Голден Стејт Вориорс славеше убедлива победа на гостувањето кај Денвер Нагетс со 134:114, во натпревар од НБА-лигата. За тимот од Сан Франциско ова беше прва победа во новата сезона.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше дебитантот Јаксел Лендерборг, кој натпреварот го заврши со 31 поен и 12 скока. Одличен настап имаше и Стефен Кари, кој постигна 24 поени, од кои 21 во второто полувреме. Брендин Подзиемски придонесе со 18 поени. Голден Стејт имаше висока реализација во нападот, погодувајќи 54,1 отсто од шутевите од поле, вклучувајќи 22 тројки од 44 обиди. Вориорс доминираа и во скок-играта, со предност од 50:36.

Во редовите на Денвер, српскиот центар Никола Јокиќ оствари двоен ефект со 19 поени, 11 асистенции и седум скока. Сепак, неговиот учинок не беше доволен за да го спречи поразот на домашниот тим. Најефикасен кај Денвер беше Демар Дерозан со 21 поен, додека Џамал Мареј постигна 19 поени.

Актуелниот НБА-шампион Оклахома Сити Тандер ја забележа четвртата последователна победа на стартот од новата сезона, откако на гости го совлада Феникс Санс со 125:114. Најзаслужен за триумфот на Оклахома беше Ејџеј Мичел, кој со 30 поени го постави личниот рекорд во кариерата. Шеј Гилџес-Александер придонесе со 26 поени, Џеред Мекејн постигна 18, додека Ајзеа Хартенштајн оствари дабл-дабл учинок со 15 поени и 13 скока. Во составот на Феникс, најефикасен беше Џејлен Грин со 20 поени. Дилон Брукс постигна 19, додека Мајлс Бриџис го заврши натпреварот со 17 поени.

Вашингтон – Шарлот 103:110

Минесота – Кливленд 125:127

Далас – Мајами 113:109

Чикаго – Бостон 99:134

Индијана – Милвоки 102:110

Феникс – Оклахома 114:125

Атланта – Хјустон 110:120

Мемфис – Јута 110:105

Голден стејт – Денвер 134:114

ПретходноРеал му честиташе на Англичанецот: „Златната топка“ заслужено ја освои Кејн!
СледноЧичкото на Јамал со остри напади: Ако гледате фудбал знаете дека Ламин е најдобар, а не пензионерот Кејн