Кошаркарите на Црвена Звезда убедливо го совладаа Макаби Тел Авив со 100-78 во натпревар од осмото коло во Евролигата.
Белградскиот тим уште во првите пет-шест минути го најави конечниот исход, наметнувајќи силно темпо и целосно надигрувајќи го противникот. Особено расположени беа Тајсон Картер и Крис Џонс, кои го предводеа налетот на домашниот состав.
Картер блескаше уште на стартот, погодувајќи ги сите четири обиди за три поени и постигнувајќи вкупно 14 поени за само 10 минути игра. Џонс, пак, во тој период забележа дури седум асистенции.
Црвена Звезда одигра доминантна прва четвртина, во која постигна 34 поени и стекна предност од 19 поени. Макаби имаше одреден успех преку нападот со централен пик-ен-рол, но домашниот тим брзо најде решение со излегување на играчот во одбрана и преземање на противничките играчи.
Најефикасен во победничкиот состав беше Картер со 24 поени, четири скока и две асистенции. Џеред Батлер додаде 21 поен, а Џордан Нвора заврши со 16 поени. Крис Џонс постигна осум поени и подели девет асистенции.
Кај Макаби, Џими Кларк беше најдобар стрелец со 19 поени, додека Роман Соркин запиша 13. Јам Мадар и Армандо Бејкот постигнаа по седум поени.
На останатите средби, Барселона славеше против Баерн со 88-84, Париз го совлада Дубаи с 99-93.










