Валенсија дојде до нова победа во Евролига, овој пат славеше против Фенербахче со 86-78 пред своите фанови. За шпанскиот тим ова беше шеста победа оваа сезона, има и два порази и се наоѓа на второто место на табелата.
И вечерва главно име на теренот беше Ти-Џеј Шортс, кој во минатото коло беше прогласен за МВП на колото. Американецот со македонски пасош имаше 23 поен, два скока и три асистенции, сето ова за 23. минути во игра.
На останатите средби Панатинаикос го победи Милано со 80-75, додека Басконија на домашен терен беше совладана од Реал Мадрид со 86-104.










