Неверојатни сцени на турското дерби: Летаа боксови, полицијата влета на терен (ВИДЕО)

0

Големото турско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши со победа на домаќините од 2:1, но натпреварот некако падна во втор план поради жестоката физичка пресметка меѓу играчите по последниот судиски свиреж.

Инцидентот започнал со вербална расправија и туркање меѓу Арчи Браун од Фенербахче и Абдулкерим Бардакчи од Галатасарај. Ситуацијата брзо ескалирала, па двајцата фудбалери се фатиле во физичка пресметка, при што почнале да разменуваат удари и завршиле на тревникот.

Во обид да го спречат натамошното насилство, се вмешале соиграчите, членовите на стручните штабови, а на теренот влегле и полициски службеници. Напнатоста не се смирувала веднаш, бидејќи продолжиле туркањата, расправиите и заканите меѓу фудбалерите на двата ривалски клуба.

Се очекува инцидентот да биде предмет на истрага од страна на турските фудбалски власти, по што би можеле да следуваат дисциплински санкции за учесниците во пресметката.

Дербито кое требаше да биде празник на турскиот фудбал заврши со сцени на насилство, кои најверојатно ќе имаат продолжение и пред дисциплинските органи.

ПретходноРаботнички и Јанта Волеј вечерва стартуваат во европскиот Челинџ Куп