Некогашната ѕвезда на Реал тврди дека „Златната топка“ била наместена да ја добие Кејн!?

0
фото: FC Bayern @FCBayernEN (X)

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Гути, предизвика бурни реакции во фудбалската јавност откако ја доведе во прашање регуларноста на изборот на Хари Кејн за освојувач на „Златната топка“ за 2026 година.

Шпанецот, кој настапуваше на позицијата играч за врска, гостувајќи во емисијата „Ел Чирингито де Хугонес“, со доза на сарказам го коментираше триумфот на англискиот напаѓач.

„Златната топка замина во Лондон, а ја освои жител на Лондон. Каква случајност, нели? Навистина голема случајност! Ова сигурно било испланирано уште од самиот почеток“, изјави Гути.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид смета дека и реакцијата на Кејн во моментот на прогласувањето на победникот била интересна. Според неговото толкување, англискиот напаѓач не очекувал да ја добие наградата, бидејќи верувал дека признанието ќе му припадне на Ламин Јамал или Килијан Мбапе.

Изборот на Кејн предизвика поделени реакции меѓу навивачите, особено во Шпанија, каде што дел од јавноста очекуваше наградата да заврши кај Јамал или Мбапе.

ПретходноЧичкото на Јамал со остри напади: Ако гледате фудбал знаете дека Ламин е најдобар, а не пензионерот Кејн