Дарко Радуловиќ на клупата на нов клуб во Полска

82

Македонскиот кошаркарски тренер Дарко Радуловиќ од денеска не е повеќе предводник на полскиот клуб Старогард Гдањск, но и натаму останува да работи во Полска. Соработката со досегашниот клуб е прекината спогодбено, а клубот преку официјално соопштение му се заблагодари за постигнатите резултати и за периодот поминат на тренерската функција.

Радуловиќ сега има нов ангажман во Полска, откако попладнево беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на ОПТим Решовија Жешов. Договорот е со важност до крајот на сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Тој нема веднаш да седне на клупата на новиот тим, туку наредните денови ќе ги искористи за запознавање со играчите и подготовка за претстојните предизвици во првенството.

ПретходноПолувреме: Вардар има два гола предност против Мелсунген
СледноШтип УГД покажа зошто е во ЛШ: Македонскиот првак двапати водеше, но немаше сили за сензација