Велемајсторски потег: Растодер со гол со пета му донесе победа на ПАО

16

Македонскиот фудбалер Елмин Растодер се најде во центарот на вниманието во грчкиот Куп, откако со прекрасен гол во финишот му донесе победа на Панатинаикос од 2:1 против Арис.

Растодер погоди во 89. минута, и тоа на атрактивен начин – со удар со пета ја испрати топката во мрежата на гостите, предизвикувајќи големо славје кај домашните навивачи. Претходно, Панатинаикос поведе во 10. минута со голот на Контуракис, додека Арис се врати во игра во 65. минута, кога Кадевере ја искористи асистенцијата на Папасарафијанос за израмнување.

ПретходноТиквеш знае како на „ФФМ“