На детски натпревар во Казахстан тренерот удри одбојкарка, реагираше и полицијата !(ВИДЕО)

38
ФОТО:Screenshot: X

И тоа како тежок инцидент се случи за време на одбојкарски натпревар во Казахстан. Изесен Хамит Мирзабеков, тренер на одбојкарската академија Шимкент, физички нападнал малолетна одбојкарка од својот тим за време на натпревар од националното првенство во Павлодар. Видеото од неговите постапки стана вирално на социјалните мрежи и предизвика широка осуда, а тренерот беше отпуштен и доби двегодишна суспензија. Случајот го истражува и полицијата.

Инцидентот се случил во понеделник, 26 октомври, во спортскиот комплекс Бајантау за време на натпревар за девојки. Според казахстанските медиуми, турнирот е отворен за девојки родени во 2009 година и подоцна, а контроверзното видео е снимено за време на натпревар за јуниорски одбојкари.

На видеото се гледа како Мирзабеков ја повикува својата деветка, која игра на позицијата либеро, да дојде до работ на теренот. Откако таа му приоѓа, тренерот ѝ кажува нешто, а потоа ја удира силно по главата со раката. Девојчето продолжува да игра по ударот.
Казахстанската национална одбојкарска федерација го потврди идентитетот на тренерот и неговиот физички напад врз малолетна спортистка.

Полицијата на регионот Павлодар, исто така, го презеде случајот, која започна прелиминарна истрага откако видеото беше споделено на социјалните мрежи.

„Покрената е истрага поради употреба на физичка сила од страна на тренерот врз малолетник член на одбојкарскиот тим. Сите учесници во инцидентот се идентификувани и приведени во полициската станица. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата. Тие додадоа дека однесувањето на тренерот ќе биде законски оценето во согласност со казахстанското законодавство.

Казахстанската одбојкарска федерација објави дека дава поддршка на нападнатото девојче и нејзиното семејство. Исто така, објави задолжителна обука за тренери и претставници на регионалните федерации за спортска етика, спречување на насилство и заштита на правата на спортистите.
Тие нагласија дека применуваат политика на нулта толеранција кон насилството во спортот и дека заштитата на здравјето, достоинството и правата на младите спортисти мора да биде безусловен приоритет.

ПретходноЛазаров одбра 18 играчи за дуелите со Луксембург и Грција!
СледноРеал Мадрид и официјално им се извини на Кинезите за случајот “Мбапе“!