Парондо: Бевме сигурни дека Вардар ќе одигра максимално! Горди сме што успеавме!

0

Победничко сценарио во СЦ „Јане Сандански“, Вардар се одјави со реми (26-26) од Лигата на шампиони, додека пак Мелсунген, предводен од Роберто Гарсија Парондо успеа да обезбеди пласман во главната рунда. Македонскиот првак ќе продолжи во Европската лига.

„На крајот ремито беше резултат кој ни беше потребен. Бевме сигурни дека Вардар ќе одигра со цела енергија. Овој меч беше важен за клубот. Знаевме дека ќе биде тешко, не го дадовме најдоброто, благодарност до играчите. Првата фаза во Лигата на шампиони беше тешка, имавме многу повредени играчи, денеска игравме без пет ракометари. Тешко е да се игра во Буденс-лига и во Лигата на шампиони. Многу сме горди што успеавме да се пласираме во главната рунда“, изјави Парондо.

ПретходноНено со 12 поени за „пет од пет“ за Арис во Еврокупот