Пеналите среќни за „граѓаните“, Борнмут ја прегази Астон Вила

40

Манчестер Сити и Брајтон одиграа вистински трилер во англискиот Лига-куп, а патникот во следната рунда беше решен по изведувањето пенали. По драматичниот дуел, „граѓаните“ славеа со вкупни 4:3 на пенали, откако голманот Рули го одбрани ударот на капитенот на Брајтон, Луис Данк.

По 90 минути игра резултатот беше 2:2, па победникот мораше да биде решен од белата точка. Манчестер сити ја задржа присебноста во пенал-рулетот и продолжува во четвртфиналето на натпреварувањето.

Малик Јалкује го доведе Брајтон во водство во 30. минута, а Матео Ковачиќ израмни десет минути подоцна. Веднаш по паузата, во 47. минута, Георгињо Рутер повторно им донесе предност на гостите. Манчестер сити возврати преку Витор Реис, кој во 72. минута погоди за 2:2.

Пласман во следната фаза обезбеди и Борнмут кој ја декласира Астон Вила со 3:0.

ПретходноЕвролига: Партизан прокоцка добиен натпревар и загуби во Франција
СледноНов тежок пораз на Јувентус, Наполи сигурен кај Монца