Еве како Баерн го потпиша Компани: “Сакав да спијам на неговиот кауч!“

249
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en

Во летото 2024 година раководството на Баерн Минхен се одлучи да ми ја довери клупата на Винсент Компани. Тоа беше шокантен потег за фановите, но еве речиси по 2,5 години, се виде дека тоа бил добар потег.

Претходните денови беа напнати во Минхен, но во среда имаше добри вести. Винсент Компани е пуштен од болница за да се лекува дома, по неколкудневните прегледи откако се онесвести на тренинг минатиот петок. Утврдено е дека белгискиот стратег има менингитис и дека со одмор и лекови, би можел да се врати на работа многу порано отколку што првично се мислеше, кога се проценуваше дека ќе биде надвор од терените до крајот на годината.

Дури и без Компани на клупата, Баерн одигра рутински дуел со Магдебург во осминафиналето од Купот на Германија, победувајќи ги гостите со 6:1. Додека Белгиецот не се врати, тимот ќе го предводи неговиот помошник Ерон Денкс, а во интервју за веб-страницата на клубот објавено овој четврток, спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, се присети на анегдота кога преговарал со Компани за неговото доаѓање во Баерн. Имаше и други кандидати за наследник на Томас Тухел.
„Кога дојдов во клубот, веќе беше познато дека тренерот заминува на крајот од сезоната. Но, не знам какви ќе беа реакциите ако го претставив Винсент Компани како мој прв кандидат. Тренерот кој испадна од лигата со Барнли за да го наследи Томас Тухел… Секако, го разгледавме списокот на кандидати; Јулијан Нагелсман беше еден од нив, тоа не е тајна. Имав многу добар однос со него, но тој се одлучи за ФС Германија. И Ралф Рангник отиде во спротивна насока“, се присети Еберл.
Потоа се појави името на поранешниот стопер.
„Во тој момент многу внимателно го анализиравме пазарот и сè што слушнавме за младиот менаџер на Барнли беше позитивно. Во еден момент реков: „Ајде да го повикаме Вини“. Разговаравме пред нашиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите во Мадрид. По четири часа морав да го прекинам бидејќи имав состанок. Ја спуштив слушалката и си помислив: „Вау, ова изгледа добро“. Потоа го замолив Кристоф Фројнд исто да разговара и тој се врати со истиот заклучок. Тој беше убеден дека Компани е вистинскиот човек за работата“.

Пред да се приклучи на Баерн, Компани го водеше Андерлехт, кој не успеа да се врати на врвот на белгискиот фудбал, а потоа и Барнли.
„Тој го водеше Барнли до промоција во Премиер лигата со 101 бод, а потоа испадна од лигата. Човек би помислил дека нема да успее во Баерн, дека ќе има проблем со адаптација, но ние ги гледавме работите поинаку. Тој има јасна претстава за фудбалот. Не сакаше да седи мирно на клупата на Барнли и да игра против милијардерските тимови Манчестер Сити и Ливерпул со осум играчи во одбраната, надевајќи се на бод. Победи, што беше плус за мене. Освен тоа, знаев дека Пеп Гвардиола го имаше Вини на својот список кога го напушти Сити. Затоа му предложив на Карл-Хајнц Румениге, кој има добри односи со нив, едноставно да го повика Пеп за мислење. Два часа подоцна добив одговор: „Добро, ќе го направиме тоа“.“
Потоа следеше патувањето на Еберл во Англија заедно со Фројнд. „Летавме за Манчестер на последниот состанок. Во три часот наутро, Вини рече: „Добро, сакам да спијам и да разговарам со сопругата“. Легнав на неговиот кауч и тој ме праша што правам. „Ули рече дека не можам да ја напуштам твојата куќа додека не потпишеш“, реков. Тој рече: „Добро, Макс, ќе го направам тоа, само дозволи ми да поразговарам уште еднаш со сопругата“. Потоа ме турна надвор“, се присети директорот на Баерн со насмевка.

Претходно“Најдобро решение за Манчестер Јунајтед е Унаи Емери!“
СледноСамо што го продадоа, сега ќе го враќаат за тројно повеќе