Кошаркарите на Црвена звезда продолжуваат со одличните настапи во Евролигата. Белградскиот тим го прегази Баерн Минхен со убедливи 103:73, во натпревар од деветтото коло, одигран вечерва во белградската Арена.
„Црвено-белите“ уште од почетокот го наметнаа својот ритам и постепено ја зголемуваа предноста. По првата четвртина водеа со 19:15, а на полувремето веќе имаа убедливи 48:31. Домашниот состав продолжи во ист стил и во третата четвртина, во која дополнително ја зголеми предноста на 25 поени – 79:54. Во последните десет минути само ја потврди доминацијата за конечни 103:73.
Еден од најзаслужните за убедливиот триумф беше Кристијан Колоко, кој одигра фантастичен натпревар. Камерунскиот центар заврши со 12 поени. Монеке беше прв стрелец со 15.
За белградскиот тим ова е шеста победа во деветтиот натпревар во Евролигата.










