Кошаркарите на Струмица приредија големо изненадување совладувајќи го МЗТ Скопје Аеродром со 87:79, во натпревар од 4. коло во Суперлигата. Дуелот беше изедначен во првото полувреме. Струмица ја доби првата четвртина со 26:26, а на паузата имаше предност од 47:44. МЗТ возврати во третиот период, добивајќи го со 20:17, но во последните десет минути домашниот состав направи разлика и стигна до втората сезонска победа.
Најзаслужен за триумфот на Струмица беше Џејкобс со 29 поени, шест асистенции и индекс на успешност 28. Значаен придонес даде и Крафорд, кој постигна 21 поен, додека Харис го заврши натпреварот со 16 поени и седум скока.
Кај МЗТ Скопје најефикасен беше В. Стојановски со 17 поени, а Маслинко додаде 15. За шампионот ова е прв сезонски пораз.










