Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Игор Марковиќ, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното Европско првенство. Предводникот на нашиот најдобар национален тим пријави 35 ракометарки во ЕХФ.
Македонија ќе игра во Клуж, каде за противници ќе ги има селекциите на Романија, една од домаќинките на континенталниот собир, Швајцарија и Норвешка.
Подготовките за ЕП 2026 ќе стартуваат на 22 ноември. Од 27 до 29 ноември, Македонија ќе учествува на турнир во Турција, каде што, покрај со домаќинот, ќе ги одмери силите и со Финска и Италија.












