Светот добива нов рекет бр. 1: Од понеделник, Зверев е нов лидер на АТП листата

28

Александар Зверев испиша нова страница во германскиот тенис, откако обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Виена и со тоа го потврди преземањето на првото место на АТП-листата. Германскиот тенисер од понеделник, 2 ноември, и официјално ќе биде најдоброрангираниот играч во светот, со што ќе го наследи Италијанецот Јаник Синер.

Зверев во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со 6:4 и 7:5. Со оваа победа си обезбеди место меѓу најдобрите осум во Виена, но и го оствари еден од најголемите соништа во својата кариера – да се искачи на врвот на светскиот тенис.

Дваесет и деветгодишниот Германец ќе стане 30-тиот тенисер во историјата на АТП-листата, која се води од 1973 година, што стигнал до првото место. Истовремено, ќе биде вториот германски тенисер на врвот, по легендарниот Борис Бекер, кому тоа му успеа во 1991 година.

ПретходноНовиот стадион на Интер и Милан доби име – „Стадио Џенерали“