Супер Роналдо: 67. хет-трик во блескавата кариера на Португалецот

1

Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите во светскиот фудбал. Португалската ѕвезда постигна три гола на натпреварот на Ал Наср против Ал Холуд, остварувајќи го 67. хет-трик во својата професионална кариера.

Ал Наср славеше со 5:3 во дуелот од 12. коло на шампионатот на Саудиска Арабија, а Роналдо трипати ја затресе противничката мрежа. За 41-годишниот напаѓач ова е прв хет-трик по мај 2024 година, кога постигна три гола во убедливата победа од 6:0 против Ал Вахда.

Со најновото остварување, Роналдо сега има 57 хет-трикови на клупско ниво и уште десет во дресот на португалската репрезентација. Ова е уште еден доказ за неговата извонредна голгетерска долговечност и способноста да решава натпревари и во петтата деценија од животот.

Роналдо и понатаму е во трка со времето и со сопствените рекорди, додека се приближува до историската граница од 1.000 постигнати голови во кариерата. Со денешните три гола стигна до бројката од 985 гола во кариерата.

ПретходноНов проблем за Торонто: Ленард ќе мора да паузира скоро еден месец