Ракометарите на Алкалоид вечерва како домаќини во меч од 9.коло во ракометната Суперлига, успеаја да слават со 37:27 против составот на Прилеп. Јасно беше и пред натпреварот дека избраниците на Кирил Лазаров се апсолутни фаворити, па прашање беше само со колкава разлика ќе слават против гостите од Прилеп.
Ова е нивна осма победа сезонава.
Прилеп успеа само на стартот да поведе со 0:1 со голот на Шипинковски, но тоа кусо траеше. Домашните ракометари брзо покажаа кој е кој и на одмор се замина со +4 односно со резултат 18:14 за Алкалоид.
Во второто полувреме четата на Лазаров како да префли во поголема брзина што се вели, па разлика само се зголемуваше. Иако се комбинираше со составот, сепак Алкалоид и на овој меч си го искажа својот квалитет па на крајот со резултат 37:27 успеа да освои нови бодови.
Што се однесува до стрелците, Никола Костески кај домашните имаше забележителен настап со 10 погодоци од единаесет обиди. Кај гостите најефикасен беше Маркоски со 5 погодоци.










