„Гризлис“ не ги штедат солзите, го декласираа Морант за совршен старт (ВИДЕО)

1

Приказната на сезоната засега се Мемфис Гризлис. Тие го шокираа Портланд откако младиот тим ја забележа првата победа против својот довчерашен лидер Џа Морант. Дури седум кошаркари на Гризлис имаа двоцифрен број поени, а блескаше дебитантот Камерон Бузер. Третиот пик на драфтот натпреварот го заврши со 18 поени, 12 скока и 12 асистенции, за својот прв трипл-дабл во кариерата. Морант на спротивната страна постигна 14 поени, со само три асистенции, а во последната четвртина се повреди. Кај домаќините најдобар беше Дени Авдија со 24 поени, девет скока и седум асистенции.

Следна станица за лидерот во НБА-лигата (го дели првото место со Хјустон, кој исто така има максимален учинок) е Сакраменто, утре навечер.

Факторот „Икс“ за Атланта во дуелот со Кливленд беше Оњека Оконгву. Центарот од Нигерија постигна 29 поени и имаше 12 скока, додека Александар-Вокер додаде 25 поени, вклучувајќи ги и клучните слободни фрлања во последните петнаесетина секунди. Кај гостите, Харден постигна 24, а Мичел 22 поени, но „Спида“ двапати промаши во обидите да избори продолжение во самата завршница. Во второто полувреме, двата тима имаа по една лоша четвртина, но Кливленд не успеа да погоди кога се решаваше натпреварот, па утре во Милвоки ќе бара шанса за поправен.

Атланта следно ќе им гостува на Њу Орлеанс Пеликанс, кои ноќеска на домашен терен го совладаа Сакраменто Кингс. Пеликанс до првата победа сезонава стигнаа предводени од Џеремаја Фирс. Тој покрај 22 поени забележа и 13 асистенции (најмногу во кариерата), како и осум скока. Добар настап имаше и Зион во рекетот, каде што ги постигна сите 22 поени, со само два промашувања. Клупата на Пеликанс постигна 41 поен, додека резервистите на Кингс придонесоа со само осум.

Дарјус Акуф Џуниор го одигра натпреварот на кариерата, постигнувајќи 34 поени. Седмиот пик на драфтот сигурно ќе биде еден од играчите околу кои франшизата од Калифорнија ќе ја гради својата иднина. Најдобриот скокач во лигата, Сабонис, забележа 15 скока и седум асистенции, но постигна само девет поени. Притоа, имаше и седум загубени топки. Сакраменто останува закован на дното, без ниту една победа по првите пет натпревари.

Резултати: Атланта – Кливленд 114:111, Њу Орлеанс – Сакраменто 132:120, Портланд – Мемфис 103:124.

ПретходноСе подготвува голема сензација: Меси го напушта Интер, се знае каде ќе потпише во јануари