Нов пораз на Партизан, Пао декласиран во Истанбул, Рајт со 16 поени и Шортс со 11…

67
ФОТО:facebook.com/bcpartizan

Вечерва се одиграа седум меча од 9.коло во Евролигата. Откако победи во вечното дерби протув Ц.Звезда минатата недела, Партизан повторно влезе во “лузерска“ серија. “Црно – белите“ се поразени од Жалгирис во Каунас со 87:80. Не дека Партизан одигра толку лошо, но кога беше најпотребно, едноставно немаше сила за победа.

Исто така и Панатинаикос е поразен и тоа во Истанбул од Ефес со 83:68, подобро кажано беше декласиран од домашниот состав.

Ова е веќе втор пораз на најголемиот фаворит за титулата сезонава предводен од Жељко Обрадовиќ.

Фернандо и Малколм кај домашните запишаа по 15 поени, додека бадилата беа тие 17 на Нан кај гостите.

Дубаи дома славеше против Хапоел со 97:83, додека Асвел ја победи Басконија со 94:79.

Бадијала одличниот настап на нашиот репрезентивец Мозес Рајт во дресот на Милано на гости кај Олимпијакос, кој заврши со 16 поени, 5 скокови и 2 асистенции. Сепак европскиот шампион славеше со 84:78 и тоа поради одличните партии на Милер – Мекинтаер и Везенков кој впишаа 24 и 23 поени.

Драмата на мечот Барселона – Валенсија ја добија каталонците со 98:94. За гостите настапи и “нашиот“ Ти – Џеј Шортс кој заврши со 11 поени, 1 скок и 5 асистенции.

Драма и во Болоња каде Бешикташ со 103:101 успеа да го победи домашниот Виртус.

ПретходноОбјавени резултатите за “Златната топка“: Кејн го победил Мбапе со само 28 гласа повеќе
СледноЕспањол победнички кај Виљареал