Ова не е тајна, ова сите го знаат барем малку што се поврзани со мак – фудбалот, ама сега еве ова е официјално. Имено Шкендија (Т) е убедливо најдобриот претставник во Европа во последните пет години и придонесува дури со 55,9% од петгодишниот коефициент на македонските клубови. Ова значи дека повеќе од половина бодови за Македонија ги носи тетовскиот клуб.
Колку за потсетување лани Шкендија не само што играше во групната или лигашка фаза во Лигата на Конференции, туку и ја мина и играше во 1/16 финалето и имаше европска пролет. Досега ниту еден наш тим во историјата немал европска пролет.
Оваа сезона Шкендија успеа да стигне само до 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Да се надеваме дека во следната сезона сите наши претставници ќе имаат добри резултати и успеси во фудбалска Европа. Тоа е добро не само воопшто за мак – фудбалот туку и за нив самите.











