Иако по само шест минути игра имаше негатива, тимот на Болоња сепак, успеа пред своите симпатизери да направи пресврт и да ги освои трите бода во дуелот со Монца.
Конечните 2:1 ги израдуваа домаќините иако Варела реализираше пенал по само неколку минути активна игра за 0:1.
Во 33. минута од мечот, Победа изедначува на 1:1, а целосен пресврт направи Бернардески откако беше досудена најстрога казна но овојпат на спротивната страна.
Гостите имаа 100% шанса за реми во 81. минута кога главниот судија по трет пат на оваа средба покажа на белата точка но овојпат Кутроне подлегна на притисокот и промаши бод за гостите.










