Иако вечерва не играат МЗТ Скопје и Работнички, сепак двете навивачки групи на клубовите се пресретнаа пред салата „Јане Сандански“.
„Сити Парк Бојс“ дојдоа да ги бодрат „црвено-белите“ на дуелот против Скопје, но непосредно пред натпреварот биле пресретнати од навивачите на МЗТ Скопје – „Фемили“.
Во отсуство на поголемо обезбедување, двете навивачки групи физички се пресметале, при што има и сериозно повредени членови на двете групи. На местото пристигнала брза помош, повредените се пренесени во Ургентен Центар, како и поголем број полициски службеници, кои спречиле пресметката да добие уште поголеми размери.
Во овој момент во салата „Јане Сандански“ е присутно и засилено обезбедување.










