ВМФЛ: Работнички убедлив со Беласица, Пелистер го прегази Детонит

0

Попладнево се одиграа уште четири средби од 10.коло во ВМФЛ. Работнички како домаќин славеше убедлива победа од 3:1 против Беласица. Стрелци на головите беа Богданоски два и Стефановски еден. Со овие три бода тимот од Градски парк и натаму е трет на табелата.

Пелистер со 6:1 успеа да го прегази составот на Детонит во Битола. Битолчани покажуваат сила. Стрелци на головите беа Ивановски два, Христов, Пресилски, Стојанов и Тасев. За гостите стрелец беше Иванов.

Во соседското дерби Камјани го победи Тетекс со 3:1, а во Ѓорче екипите на Македонија ЃП и Осогово одиграа без победник 0:0.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

Камјани – Тетекс 3:1

Македонија ЃП – Осогово 0:0

Пелистер – Детонит 6:1

Работнички – Беласица 3:1

ВЧЕРА

Еуромилк – Кожуф 1:3

Брера – Новаци 4:1

Шкупи – Охрид 0:3

ТАБЕЛА

Охрид 25, Пелистер 24, Работнички (-1) 21, Брера (-1) 18, Камјани 17…

ПретходноРакометарите се собраа во Скопје пред стартот на квалификациите (ФОТО)