„Врие“ на Олд Трафорд: Емери главен кандидат да го замени Керик

0

Веќе нема дилеми дека тимот на Манчестер Јунајтед наскоро ќе има нов менаџер. Очајната серија резултати, не смее да мине без промени, менаџерот Мајкл Керик е на излезна врата.

„Скај спортс“ пренесува дека менаџментот на клубот веќе на големо разгледува опции околу неговата замена, а најголема веројатно е на Олд Трафорд да пристигне во моментов менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери.

Емери е искусен шпански стратег, кој што долго време е во Премиер лигата, и важи за сериозен авторитет. Има освоено трофеји, знае како да се однесува во тешки ситуации, и ја ужива довербата на јавноста.

Јунајтед во моментов за неверување се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата.

 

ПретходноИлиевски прозиваше: Собир на машката младинска селекција!(ФОТО)