Конечно малку и добри вести за Баерн Минхен

37
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en

Фудбалерите на Баерн Минхен се подготвуваат за уште едно големо дерби во Лигата на шампионите, противникот е Атлетико Мадрид, и се чини дека тимот ќе биде во посилен состав отколку што се стравуваше претходниот ден.
Според извори на “баварците“, има добри вести од клубот за Мајкл Олисе, за кого се зборуваше вчера, тој учествуваше на последниот тренинг со завој на десниот глужд. Тој би можел да биде во конкуренција за натпреварот против Атлетико Мадрид.
Мануел Нојер исто така тренираше со тимот на последниот тренинг, откако имаше проблеми со тетивата и би можел да се врати во тимот. Исмаел Саибари и Серж Гнабри сигурно ќе останат надвор од тимот, додека тренерот Винсент Компани исто така е на боледување и домашно лекување.
Натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен е закажан за вторник во 21:00 часот.

ПретходноКатастрофален скор: Вардар нема победа, нема ни гол против ривалите за титулата!
СледноПогледнете го славјето на стружани по победата во големото дерби!(ВИДЕО)