Македонскиот шампион Штип УГД откако го заврши премиерното учество во Лигата на шампионите настапот во европските клупски купови го продолжува во рамките од ЦЕВ купот.
Според распоредот Штип УГД е слободен во првото коло од ЦЕВ купот и обезбедува директен пласман во главната рунда каде го чека тежок противник – италијанска Пјаченца.
Првиот натпревар од двомечот Штип УГД го игра на домашен терен во СРЦ „Џексон“ во Штип на 9 декември од 19 часот.
Реваншот, пак, е закажан за 6 јануари 2027 година во 18 часот, во салата „Палабанка спорт“ во Пјаченца, Италија.
Македонскиот шампион втора година по ред ќе игра за Бадник, откако лани го имаше истиот распоред во ЦЕВ Челинџ купот против Алијанц Милано.










