Фудбалската репрезентација на Македонија има упте два дуела преостанати од тековната Лига на Нации, Б дивизија.
На 13 односно 16 ноември имаме закажани дуели против Шкотска на гости односно Словенија на домашен терен. Во моментов сеуште немаме освоено бодови во оваа конкуренција, па овојпат ќе се обидеме да го репиме тој проблем барем и да се израдуваме на позитива.
Селекторот Седлоски денеска го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие два меча, а како бомба одекнува информацијата дека на истиот го нема до сега неприкосновениот Бојан Миовски.
Играчот на Ренџерс овојпат не е повикан, а како новитет е напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски.
Што се однесува до одбраната тука е повратник Стефан Деспотовски од ОФК Београд, Имран Фетаи, Никола Серафимов кој што се враќа од повреда, а го нема Ѓоко Зајков. Вкупно 26 репрезентативци ќе
„Составот е тој. Играме со две селекции, Шкотска и Словенија. Знаеме за какви селекции станива збор. Да ги поправиме грешките. Од оној со Шкотска на пример. Да се поправиме во однос на залагањето, моториката, трката…. овој список кој што го објавив е составен од играчи кои што имаат минутажа. Миовски нема минутажа. тоа е причината. Се одлучив за овие напаѓачи. Не е избришан секако. Има простор за она да се врати секако. Нема лутење. И јас кога не играв за клуб не бев повикуван. Нема повеќе да дозволам доаѓање во Скопје и однесување, колку да се рече дојдов ете…. играње за репрезентација се знае. да се висат со фамилија, со другари да испијат кафе. Тоа нема повеќе да се случува. Јас не дозволувам да доаѓаат играчи како на одмор. И јас сум бил играч, репрезентативец. Миовски не е повикан затоа што нема настапи за Ренџерс… тоа е причината. Има многу малку минутажа за клубот, тоа е главната поента. Двата напаѓачи од оние кои што се повикани сум ги тренирал. Омерагиќ и Марко Ѓорѓиевски. Нив добро ги знам. Илија Несторовски одиграл многу мечеви за репрезентација. Кажав и сега ќе повторам. Сакам да подмладувам, сакам нова енергија, и тука нема да застанам. Имаше коректни моменти на оние мечеви кои што поминаа. Казнуваат. Ривали како овие ја казнуваат секоја своја грешка. Неискористени шанси. Ако не играме агресивно со Шкотска нема што да бараме таму. пред 60.000 гледачи. Ако не дадеме се од себе нема што да бараме таму. Анализираме. Работиме. Никогаш не сум барал да се браниме. Немаме постигнато гол, факт е тоа. Ќе се обидеме да го направиме тоа“ – изјави селекторот Седлоски па додаде.
„Имран Фетаи е тука, Зајков не е повикан. Фетаи игра во својот клуб, се одлучив да го повикам него„ – додаде селекторот.











