“На Русите не им е местото во Европа“

64
ФОТО: rfs.ru

Спортскиот директор на Шахтјор од Доњецк, Дарио Срна, ги критикуваше ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека верува оти нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната. Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и самиот да се увери во условите во кои работат клубовите во оваа земја, но особено нагласи дека ФИФА не направила ништо за да им помогне на клубовите откако започна војната меѓу Русија и Украина. „ФИФА е бизнис“, рече Срна. Тоа беше воведот на презентацијата во која поранешниот хрватски фудбалер ги спореди Инфантино и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Ако го прашате Срна, Чеферин е оној кој ги штити интересите на клубовите и се обидува фудбалот да го направи достапен за сите, а не само за богатите. Од почетокот на војната, тврди Срна, ФИФА не направила ништо за да им помогне на украинските клубови, па затоа го покани Инфантино да ја посети Украина.

И додека Инфатино не го стори тоа:
„Дотогаш, немам никаква почит кон него или кон никого во ФИФА“, вели Срна.
За Срна, „плус“ на Чеферин е фактот што е убеден дека Русите нема да играат во Европските купови додека Словенецот е на чело на УЕФА: „Мислам дека е невозможно додека Чеферин е претседател. Мислам, како би можело да биде? Како е можно рускиот тим да дојде во Англија да игра? Можете ли воопшто да го замислите тоа? Или во Германија, Полска, Шпанија, Италија… Тоа е невозможно. Тие живеат во свој свет и не се добредојдени во Европа. Ќе се создаде хаос ако Зенит дојде на Стемфорд Бриџ да игра против Челзи. Не верувам дека на руските клубови треба да им се дозволи да се вратат сè додека трае војната“, рече Срна, кој, како и сите во Украина, е незадоволен што момчиња од Русија ќе играат на Светското првенство за играчи под 15 години.
Шахтјор игра натпревари од Лигата на шампионите на Стемфорд Бриџ, а не играл во Доњецк од 2014 година.

ПретходноСловенија го објави списокот за дуелите со Македонија и Швајцарија
СледноТи Џеј Шортс е МВП на Евролигата за месец октомври