Седлоски без Миовски, но со Марко Ѓоргиевски против Шкотска и Словенија (СОСТАВ)

815

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, предмалку го објави списокот на избраници на кои ќе смета за претстојните два дуели од Лигата на Нациите, Б дивизија, против Шкотска на гостински терен, односно Словенија во Скопје.

Она што изненадува од прва што се вели, е одуството на Бојан Миовски, играчот на Ренџерс, додека пак на негово место како новитет во националниот состав е повикан Марко Ѓорѓиевски во Шкендија.

Тука секако е Дарко Чурчинов кој што на претходниот повик не беше достапен поради административни проблеми.

Конечно, Стефан Деспотовски од ОФК Београд повторно е тука, откако беше дел од пријателските мечеви против Босна односно Турција летоска.

Никола Серафимов прави кам бек по повредата на раката, како и Имран Фетаи. Овојпат нема место за Ѓоко Зајков, еден од оние кои што изминатиот период имаше многу настапи во националниот дрес.

ПретходноМрме ќе почека една година со Таџикистан да игра на Азискиот Куп
СледноТаткото на Халанд проговори за иднината на својот син ако Сити испадне од Премиерлигата