Шокантни вести од Србија – се распаѓа големиот проект Партизан

415

Ракометарите на Партизан оваа сезона, по многу години, се вратија во Лигата на шампионите. Црно-белите создадоа респектабилен тим, но се чини дека идилата траеше кратко, бидејќи, како што пишува „MozzartSport“, сè укажува на распад на клубот.

Имено, Партизан беше државен проект во овој спорт, нешто што никогаш не се криеше во клубот.

„Црно-белите“ освоија две последователни титули шампион на Србија, како и четири трофеи, а ова лето, по пауза од 13 години, се вратија во Лигата на шампионите.

На клупата пристигна тренерот Раул Гонзалес, кој донесе и неколку квалитетни засилувања од овие простори. Но, од 25 октомври многу работи се променија.

На седница на Управниот одбор биле донесени конечни одлуки за заминување на челниците на клубот. Како што пишуваат српските медиуми комплетното раководство ќе го напушта тимот.

Се очекува оставка да поднесе претседателот Милјан Жугиќ.Покрај него, оставки се очекуваат и од потпретседателите Дане Шијан, Момчило Мандиќ и Зоран Анѓелковиќ.

Владимир Мандиќ немаше официјална функција во клубот, но и тој ќе го напушти Партизан.

ПретходноАстон Вила и Емери се договориле за ново продолжување на соработката
СледноЛШ: Комо му нанесе историски срам на Ленс, Халанд за победа на Сити, Арсенал според планот