Ракети долетаа покрај стадионот, судијата мораше да го прекине натпреварот во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

490

Натпреварот меѓу Феенорд и Интер (0:3), во четвртото коло од Лигата на шампионите, беше прекинат по бизарен пиротехнички инцидент на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам.

Инцидентот се случи во 70. минута, кога запалени сигнални ракети, истрелани надвор од стадионот, долетаа до теренот, а дел од нив завршија и на покривот на стадионот, каде што продолжија да горат.

Судијата го прекина натпреварот поради безбедноста на фудбалерите и гледачите, за да може пиротехничките средства да бидат отстранети од теренот.

Според информациите на италијанскиот новинар Танкреди Палмери, кој го снимил инцидентот, ракетите биле истрелани од навивачите на Феенорд надвор од стадионот, откако нивниот тим го прими третиот гол.

На снимката од инцидентот се гледа како запалените пиротехнички средства летаат кон стадионот и завршуваат на теренот и покривот.

Прекинот траеше околу две минути, по што натпреварот продолжи.

ПретходноЛШ: Луд пресврт на „Олд Трафорд“, ПСЖ како казнена експедиција, Интер и Барса доминантно
СледноХанси Флик ги загрижи сите навивачи на Барселона по големата победа!