Лангстон Лав е третото странско засилување на ГКК Штип оваа сезона, односно најновото засилување на штипјани.
Како што што објавија преку своите социјални мрежи, Американскиот бек од Тексас во Штип носи искуство од НЦАА, каде што настапуваше за Бејлор и Џорџтаун. Во сезоната 2023/24, иако сите натпревари ги започна од клупата, во дресот на Бејлор бележеше по 11 поени во просек.
Откако го промовираа своето ново странско име од клубот му порачаа на својот ној кошаркар:
“Добредојде во Штип, Лангстон! Се гледаме на паркетот во „Џексон“!










