На погребот на Де Мигел присуствуваа и Де ла Фуенте, Перез, Мијатовиќ…(ВИДЕО)

84
ФОТО:facebook.com/CDTOficial/

Шпанија се збогуваше со Хесус де Мигел, фудбалер кој почина на 30-годишна возраст по трагичен настан во натпревар од втората лига. Стотици луѓе се собраа во Наваермоса, недалеку од Мадрид, за да му оддадат последна почит, а неговото збогување беше обележано со исклучително емотивни сцени.
Меѓу собраните беа многу познати имиња на шпанскиот фудбал. На последното испраќање присуствуваа селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, претседателт на Фудбалската Федерација, Рафаел Лузан, некогашниот директор на Реал, Предраг Мијатовиќ, претставници на Атлетико Мадрид, Севиља и др.

Заедно со семејството и пријателите, присуствуваа и претставници на клубовите за кои играше Де Мигел. Неговите соиграчи од Тенерифе, како и членови на неговиот поранешен клуб Кастелона, дојдоа да му оддадат почит на починатиот фудбалер.
Комеморативна миса се одржа во црквата Сан Мигел Архангел во Наваермоса. Поради големиот број луѓе кои сакаа да присуствуваат на последното збогување, многумина мораа да чекаат пред црквата.
Особено емотивен момент беше кога ковчегот на нивниот соиграч го носеа фудбалерите на Тенерифе.

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се обрати на семејството на починатиот фудбалер и објасни зошто дошле.
„Сакавме да бидеме со семејството на Хезус за да ја изразиме нашата тага, солидарност и почит“, изјави Де ла Фуенте за шпанскиот весник АС.
Де Мигел почина во вторник откако се судри со голманот Хесус Овоно за време на натпреварот против Андора.

ПретходноРибеиро си замина од Башкими!(ФОТО)
СледноЕмотивно во Сао Паоло: Кими го посети гробот на својот идол!(ФОТО)