Познато е кој ќе му биде противкандидат на Инфантино за претседател на ФИФА!

39
ФОТО: FIFA.COM

Козо Ташима, член на Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), има намера да се кандидира за претседател на светското управно тело на фудбалот и да му се спротивстави на сегашниот претседател Џани Инфантино на изборите, објавија јапонските медиуми, по состанокот на националната фудбалска асоцијација. Ташима е првиот сериозен противник на Инфантино откако претседателот на ФИФА предизвика големо незадоволство во светскиот фудбал во јули со планот да отстапи дел од идните приходи од Светските првенства на приватни инвеститори.

Јапонскиот весник Асахи објави дека 68-годишниот Ташима ја објавил својата намера да се кандидира на изборите закажани за март следната година, и дека членовите на одборот на директори на Јапонската фудбалска асоцијација (JFA) едногласно ја поддржале неговата кандидатура. Ова го објави и спортскиот весник Никан спортс.

Ташима е поранешен претставник на Јапонија и поранешен претседател на Фудбалската асоцијација. Тој е член на управните структури на ФИФА од 2015 година, кога на чело беше Сеп Блатер.
Ташима се смета за почитуван, дипломатски настроен функционер кој ретко се експонира во честопати нетранспарентниот свет на фудбалската политика, изјави агенцијата Асошиејтед Прес.
Кандидатите мора да добијат официјална поддршка од најмалку пет од 211-те членки на ФИФА, кои ќе гласаат на 18 март во Рабат, Мароко. Тие исто така мора да поминат проверка на кандидатурата спроведена од тричлено тело назначено од ФИФА.
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги предводи напорите за наоѓање кандидат кој ќе му се спротивстави на Инфантино, а рокот за аплицирање истекува на 18 ноември.

ПретходноЛШ табела по 4.коло: Само ПСЖ и Реал се максимални, ама Комо е сензацијата!(ФОТО)
СледноРибеиро си замина од Башкими!(ФОТО)