Тенка победа на Тиквеш, Кико спречи катастрофа

163

Денеска со дуелот во Кавадарци, помеѓу екипите на Тиквеш и Скопје стартуваше новото, 13. коло од ПМФЛ шампионатот.

Победа на домаќинот од минимални 1:0, со голот на Ренатињо во првото полувреме поточно во 26. минута.

Она што вреди да се напомене е дека домаќинот, погоди само еднаш во протинвичката мрежа, а промаши грст шанси како во првиот, а особено во вториот дел. Истите само ја покажаа слабоста на дефанзивата на Скопје, но и неефикасноста на кавадарчани денеска, и конечно, одличната форма на ветеранот Кристијан Наумоски.

Голманот на Скопје, буквално спаси четири, пет гола, со што и овозможи на својот тим да поднесе само минимален пораз, а не и катастрофа.

Со оваа победа Тиквеш, е трет со 24. бодови, додека пак Скопје и натаму е последен со само четири освоени поени сезонава.

 

ПретходноКриезиу: Дерби меч е мотив за секој фудбалер
СледноПочина легендата на ФК Победа, Ристо Глигороски